Драган В. (51) човекот од обезбедувањето во училиштето„Владислав Рибникар“ кој беше убиен во масакрот заедно со уште осум ученици, немал свои деца, но ги чувал сите ученици како да се негови. Бил омилен меѓу учениците, па дури и кај момчето кое го уби во масакрот на 3 мај.
Мајката на еден од учениците од ова училиште на Инстаграм објави дека Драган секогаш бил спремен да им помогне на децата и да биде покрај нив во тешките моменти.
„Вујко Д. В. го носеше син ми од училница до училница“ кога ја скрши ногата за да не ја пропушта наставата, во време кога се врати по коронавирусот. Петто одделение“, напиша мајката на момчето на Инстаграм, а сподели актерката Милена Радуловиќ.
Стотици луѓе, млади и ученици од ова училиште на погребот го испратија Драган на вечно почивалиште.
„Тој беше еден од најмладите членови на семејството, секогаш насмеан и подготвен за шега. Несебичен и со големо срце. Особено се врзуваше за децата бидејќи немаше свои“, велат негови пријатели.