Агенцијата за вработување денеска објави повик за поддршка за самовработување (претприемништво), финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување.
Со овој повик се охрабруваат невработените лица со претприемачки дух, со визија да основаат свој бизнис да аплицираат во Програмата 1. Поддршка за Самовработување (претприемништво)
Право на учество имаат невработени млади лица до 29 години, невработени лица со попреченост, невработени лица – мажи до 60 години и жени до 58 години, жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство итн.
Преку оваа програма заинтересираните можат да добијат: oбука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини“, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите ; неповратни средства (грант) во износ од 307.500 денари, со вклучен ДДВ.
Пријавата за учество треба да се поднесе во работниот клуб во центрите за вработување, секој работен ден од 08:00 – 14:00 часот. Сите заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување, контакт центарот 02-3111-850 и веб страните www.av.gov.mk и www.rabotaimoznosti.mk.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
(ВИДЕО) „Свето Пивара ќе добие 2,4 милиони евра за улица која не постои“ - Левица бара одг...
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ - Илон Маск го исмејува Зеленски
Петровска: Буџетот е за да се истера изборната година и да се задоволат партиските интерес...