Секоја чест за ЛЕКАРИТЕ од Ниш! Сакаат да работат БЕЗ ПАРИ за да ја елиминираат долгата листа на чекање! Бараат само едно

Лекарите на Клиниката за кардиохирургија на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Србија, предложија од Нова година без никаква наплата да вршат кардиохируршки операции и зафати во сабота и недела за целосно да се елиминира листата на чекање, која во моментов има 130 пациенти!

Директорот на Клиниката проф. Д-р Драган Милиќ пред неколку дена на својот Фејсбук профил објави несекојдневна иницијатива, по што веќе се испратени и официјални писма на адресите на Министерството за здравство, Републичкиот фонд за здравствено осигурување и раководството на Универзитетската болница Ниш, со барање до да одобри дополнителна работа и да ги обезбеди потребните потрошни материјали, пишува српски Блиц.


Оваа иницијатива била предложена од помлади колеги на Д-р Милиќ, а била поддржана од други лекари.

Advertisements

„Нивната желба беше на овој начин да им помогнат на нашите пациенти за што побрзо и навреме да бидат оперирани, бидејќи на кардиохируршките листи пациентите умираат чекајќи операција“,  вели за српски Блиц проф. д-р Милиќ, додавајќи дека на овој начин сакале да ѝ се оддолжат и на државата која инвестирала во нивното образование.

Нема листа на чекање за васкуларни операции, но има околу 130 пациенти кои чекаат за операции на срцето на Клиниката за кардиохирургија во Ниш, што е, како што се оценува, листа на чекање од околу три месеци. Меѓутоа, доколку иницијативата успее, таа би можела да исчезне за шест до 10 месеци.

„Со нашата дополнителна работа во сабота и недела, листата на чекање би била целосно елиминирана за 6 до 10 месеци. Нашата листа е најчувствителна затоа што луѓето умираат на нашата листа. Според последната ревизија на списокот на пациенти, од 130 лица кои чекаат операција, четворица починале. Не сакаме да ни плаќаат за тој дополнителен труд, туку конечно да се ослободиме од тие листи на чекање и да ги немаме тие трагични приказни што ни тежат“, објаснува проф. д-р Милиќ.

„Предлагаме за оваа вонредна работа да не добиеме никакви дополнителни часови, стимулација, ниту некаков финансиски надоместок, само да ни овозможат да работиме и да ни дадат доволно потрошен материјал бидејќи оваа година имавме многу проблеми со набавката на материјали. Доколку го зголемиме бројот на операции за 25 или 30 проценти, ќе бидат потребни повеќе материјали“, вели д-р Милиќ.

Тој ги повика колегите од другите клиники, како во Универзитетската болница во Ниш, така и во Србија, кои имаат листи на чекање, да се приклучат на оваа иницијатива.

ФОТО: Фејсбук