Познатиот актер Долф Лундгрен во интервју за „In Depth With Graham Bensinger“ откри дека осум години се бори со канцер.
Лекарите го откриле и го извадиле ракот од неговиот бубрег во 2015 година.
„Тогаш правев снимки на секои шест месеци, па секоја година и се беше во ред околу пет години“, истакнал актерот.
Тој вели дека во 2020 година почувствувал нешто, отишол на преглед и лекарите утврдиле дека има уште шест тумори во областа, од кои едниот бил преголем за да се отстрани и барал системска терапија.
Во есента 2021 година, биле откриени повеќе тумори кога тој дошол во Лондон да ги сними продолженијата на „Аквамен“ и „Платеници“, и тогаш сфатил дека состојбата е полоша отколку што мислел. Дури и лекарите му кажале дека му останале две до три години живот.
Лекарите му спомнувале тумори на белите дробови, стомакот, па дури и на ‘рбетот и го советувале да се одмори од работа и да се посвети на семејството.
„Ми рече дека ми останале уште две до три години живот, но по гласот почувствував дека мисли на помалку од тоа. Мислев дека тоа е сигурно така“, вели актерот.
Актерот вели дека кога бил помлад користел стероиди и дека можеби тоа е причината за тешката болест.
„Пробав стероиди уште во 80-тите и 90-тите години. Не знам дали тоа има врска со канцерот, но секако дека тоа ме погоди затоа што би можело да има врска со тоа. Размислував, секогаш мислиш дека си погрешил. Мислам дека можеби постои некаква врска меѓу терапијата со тестостерон и канцерот. Кога бев помлад, консумирав стероиди и тоа можеби во период од десет години“.