Драматично предупредување на Кличко: Киев го очекува апокалипса!

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска изјави дека на главниот град на Украина го очекува вистинска апокалипса доколку продолжат руските напади.

Кличко изјави дека се уште не е време за целосна евакуација на населението на Киев, но предупреди дека најлошото можно сценарио не е далеку.

„Киев останува без струја, вода и парно. Можно е да не снајде апокалипса како во холивудските филмови. Ќе биде невозможно да се живее на овие температури“, изјави Кличко.

Advertisements

Тој изјави дека градските власти се уште се борат и прават се за да не се случи такво сценарио и објасни дека најголемиот проблем е што во моментов Киев нема доволно засолништа со греење.

„Подготвивме околу 500 прифатилишта кои се затоплуваат, но во град со 3,6 милиони жители тоа не е ништо. Доколку снабдувањето со електрична енергија продолжи да биде проблематично, ќе бидеме принудени да ја испуштаме водата од зградите. На овие температури постои можност да пукаат цевки и да биде загрозено целокупното водоснабдување“, предупредува Кличко.

Кличко побара од жителите на Киев да ги подготват најосновните работи, како што се храна, вода, документи и топла облека поради можна евакуација.

Тој, исто така, одговори на повиците на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Киев не е доволно подготвен за недостиг на електрична енергија и греење.

„Чудно е. Имаме заеднички непријател и почнуваме да се караме меѓу себе. Мислам дека не е време за политички калкулации“, изјави Кличко.