Ќе испливаат многу високи функционери кои кријат имоти – Данела Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вели дека пожарот на мостот Беласица е предизвикан од несовесни граѓани и дека тоа го покажала прелиминарната истрага. Имаме несовесни граѓани кои за жал, не размислуваат каква штета можат да преизвикаат и не размислуваат дека можат и луѓе да загинат, рече Арсовска во емисија на ТВ 21 вечерва.

Во врска со минатонеделниот брифинг, кога беше речено дека повеќе од две третини од имотот на физички и правни лица во Скопје за Градот е непознат, градоначалничката Арсовска рече дека од Катастар се бара, но дека не ги добиваат личните податоци за оние кои имаат имот.

Advertisements

„Од Катастар бараме, но не ги добиваме личните податоци за оние кои имаат имот. Ќе испливаат многу високи функционери и лица на високи позиции кои кријат имоти, и затоа не ги даваат“, рече Арсовска на ТВ21.

„Побаравме да добиеме од Катастар, но од таму добивме само оправдувања. Јас оваа работа ја покренав уште како претседател на ЗЕЛС. Наша законска работа е да имаме податоци и да испорачаме решенија за даноци“, вели Арсовска.