(ВИДЕО) Погледнете снимка од неверојатен природен феномен – се споија небото и земјата

На брегот на езерото Мoлтри во американската сојузна држава Јужна Каролина, во неделата се случи неверојатен природен феномен.

Во еден момент се појавила водена пијавица која ја осветлила површината на езерото. Пијавицата се појавува во крајно нестабилна атмосфера. Се смета за помало торнадо на вода.

Advertisements

Пијавицата се појави над вештачкото езеро, кое е трето по големина во Јужна Каролина. Нема повредени, бидејќи ова мало торнадо се случило подалеку од брегот.

„Како е тоа воопшто возможно?“, праша еден корисник на Твитер. Овој феномен се појавува како долга колона од брзо вртечки воздух над океани, езера или реки, што го поврзува небото со Земјата, пишуват медиумите.

Ваквите појави се малку ретки, иако почести во тропските региони. Во американската држава Флорида, склона кон торнада и пијавици, годишно се случуваат околу 500 вакви појави, честопати повеќе од една во исто време.