(ВИДЕО) Вознемирувачки експеримент врз деца – „Ги жалам новите генерации, дали се благословени или проколнати“

„Ги жалам новите генерации. Дали се благословени и проколнати во исто време? Само времето ќе покаже, реагира на социјалните мрежи филантроп од Индија А.Р. Рахман кој објави фотографија и видео од деца од Кина во основно училиште со ленти на главата со кои ја мерат нивната концентрација.

Учениците носат лента за глава која го следи нивното ниво на внимание, која на крајот ќе биде претворена во извештаи. Овие извештаи им овозможуваат на наставниците и родителите да ги разберат способностите за учење на децата. Синото светло на лентата за глава покажува дека ученикот е расеан, а белото значи дека е офлајн.

Advertisements

„The Wall Street Journal“ претходно објасни дека станува збор за еден вид следење на ученици со помош на вештачка интелигенција.

Освен, ова има и роботи кои го следат здравјето и нивото на ангажираност на учениците. Покрај тоа, учениците носат униформи со чипови кои ја следат нивната локација. Камерите инсталирани во училницата исто така следат колку често учениците ги проверуваат телефоните или зеваат за време на часовите.

Овој експеримент се спроведува со родителска дозвола. И покрај загриженоста, и родителите и наставниците во голема мера ги прифатија уредите, наведувајќи ја подобрената дисциплина и фокус кај учениците. Сите информации за детето се собираат преку лентата за глава и се испраќаат до родителите на ученикот.