Судот во Тетово му одреди 15 месеци затворска казна за анестезиологот Ваљтон Дервиш од тетовската болница кој кој со својот мобилен телефон снимаше пациентки од одделот на Гинекологија, каде се прекинува бременоста, а видеото го објави на социјалната мрежа Тик Ток.
Осуденикот до правосилноста на пресудата ќе биде во домашен притвор. Тој пред судот денеска призна вина и се извини за своето однесување. Тетовскиот суд веднаш ја објави пресудата.
Скандалот се случи на 14 април, а следниот ден анестезиологот беше разрешен од работното место, а Лекарската комора му ја одзеде лиценцата за работа.
Обвинителството му одреди осумдневен притвор и поднесе обвинение за две кривични дела: несовесно вршење на своите овластувања и тешко повредување на правата на пациентите.