ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО СО КОСТА.К ПРЕД МАСАКРОТ Се вештачат предмети што ќе ги откријат сите негови мрачни тајни

Истрагата за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар во кој Коста.К. уби девет ученици, училишен чувар, а рани шест врсници и наставник, е во тек.

Како што пишува српскиот портал „Блиц“ се чекаат резултатите од вештачењето на пиштолот, телефонот, компјутерот, гардеробата, како и личните белешки – тетратките, книгите што ги читало момчето убиец.

Advertisements

Во болница во Белград, како што објавивме претходно, почина едно од повредените девојчиња, кое е десетта жртва во невиденото злосторство.

„Поентата е да се утврди кому му се јавувал, што точно разговарал со луѓето со кои разговарал и со кои бил во контакт, дали се скарал со некого, дали имал симпатии, невозвратена љубов, зошто постојано таргетирал девојки, дали некому му се заканувал, дали некој му се заканувал. Компјутерот се чешла буквално од денот кога почнал да го користи. Затоа детално се истражува што гледал, што го интересирало… Се истражува и дали со татко му вежбал гаѓање на друго место освен на стрелиште. Се истражува и дали можеби некому најавил што ќе направи. Исто така, не се знае од каде момчето ја знаело шифрата на сефот на неговиот татко“, изјавил соговорникот од истрагата за порталот „Блиц“.

Инаку, на момчето му биле потребни околу 120 секунди да застрела 16 луѓе, за тоа време да смени чаури, да скокне низ прозорецот и да повика полиција.

Според информациите од истрагата, момчето во средата влегло во училиштето во 8 часот и 40 минути, а две минути подоцна повикало полиција во 8 часот и 42 минути. Делото го извршил со пиштол ЦЗ99 кој го зел од татко му. По апсењето, во неговиот ранец биле пронајдени уште еден пиштол и 4 молотови коктели.

Инаку, неговиот татко е осомничен дека го оставил оружјето необезбедено. На сите обвинувања на истражителите, В.К. рече „дека не е виновен“.

Познатиот радиолог во својот стан во сефот имал 5 пушки и два пиштола.

Коста.К. од 12-годишна возраст со татко му одел на познато стрелиште во Белград, а таму бил еден месец пред злосторството. По апсењето малолетникот не покажал никакво каење, а на полицијата наводно ѝ рекол дека е „психопат кој треба да се смири“.

Момчето моментално се наоѓа на психијатриско одделение.