Партиски полтрони забранија да се пее македонската песна „Нешто ќе те питам бабо“ – реакција на Левица

Партиските кадри и реализирањето на антимакедонската агенда на власта се дрзнуваат да ја забранат македонската историја за најмладите, иако народот ги плаќа да работат во негов интерес, реагира Левица.

„Партиските полтрони во управниот одбор и директорот во градинката „Срничка” се дрзнаа да забрануваат македонски песни каде се опејуваат херои од македонската историја со цел да им се додворат на властите, кои ги поставиле на позицијата и со антимакедонската и врховистичка агенда на негирање и бришење на историјата се оддолжуваат на пробугарската СДС за позицијата на која ги поставиле. Ова однесување на партиските полтрони во управните одбори и директорката кадар од СДС во градинките на територијата на Општина Аеродром не смее да се дозволи и да остане не осудено од страна на општината и родителите на засегнатите деца“, се вели во партиското соопштение.

Advertisements
Левица, додава партијата во својата реакција, „силно се противи на орвеловската агенда на врховистичката СДС која на секаков можен начин се труди да ја забрани, избрише и однесе во заборав историјата на Македонците со цел да се додворат на своите газди во Софија и Мала Речица“.
„Со нивниот скорешен и неминовен пад од позицијата на моќ сето ова девијантно однесување на нивните полтронски кадри учипени по институциите ќе биде жестоко казнето за никогаш повеќе да не се повтори“, порача Левица.