Македонија е создадена во борба против бугарскиот окупатор, неприфатливо е да ги внесеме во Преамбулата – Владо Поповски

Не е парадоксално, не е само смешно, туку е неприфатливо Бугарите да влезат во Преамбулата на Уставот со нејзината сегашна содржина во делот во кој се споменуваат „дел од тој и тој народ“, изјави професорот Владо Поповски, во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија .

„Во АСНОМ, Република Македонија се создаде како резултат на победата на ослободителната армија против бугарскиот окупатор, а сега не се знае што се сака да се каже со тоа што ќе се рече дека дел од бугарскиот народ им благодари на своите претци, што ја создал Македонија и ги зачувале сите свои знаменитости. А, всушност, ја ограбија Македонија. Еве еден пример црквата „Св.Богородица“ во 1943 година е комплетно ограбена и запалена од бугарскиот окупатор. И не е само црквата „Св.Богородица“ во Скопје. Бугарскиот министер претседател, кој беше елиминиран од комунистичките власти (Богдан Филов н.з.), има направено  цел список, што се е најдено и одземено од Македонија.

Advertisements

Мојот став е да се стават Бугарите во Преамбулата, но да се реконструира текстот на целата Преамбула за да не испадне дека Бугарите се благодарни на своите претци за создавање на македонската држава, нивните културни богатства, тардиции итн. Неприфатливо е  до степен спротивно на фактите и на историјата како што е случајот со останатите делови од народи, изјави професорот Поповски.