Тој беше мојот постар брат, мојот најдобар пријател. Немаше љубомора, бев среќен затоа што стана славен. Сепак, тоа го промени, почна да верува во она што се зборува и пишува за него. Мел кој го знаев едноставно исчезна, вели Донал, братот на Мел Гибсон.
Тој разочаран од својот брат раскажа неверојатна приказна за американските медиуми.
„Холивуд го изеде, го изџвака и го исплука. Славата и парите му го испраа мозокот и тој стана чудовиште. Го мразам поради тоа што стана“, заклучува тој.
Двајцата браќа соработувале на заедничкиот проект „Пасија“ кој беше многу успешен и заработиле дури 425 милиони долари, но братската љубов не опстојала долго време. Донал неодамна проговори за својот брат, за кој вели дека Холивуд го променил.
Донал тврди дека трпи последици поради „Пасија“, кој беше прогласен за антисемитски филм, а го режираше неговиот постар брат. Освен тоа, Мел имал и испад кога полицијата го запрела во пијана состојба и ги навредувал Евреите.
„Не очекував да ме издржува, но пред „Пасија“ редовно работев на филмски проекти, а потоа кога Мел беше поврзан со антисемитизам, луѓето мислеа дека и јас ги мразам Евреите затоа што сум негов брат и засекогаш ме отпишаа“, вели помалиот брат.
Мел Гибсон во таа прилика ги обвини Евреите за сите војни во светот.