Денеска во 07.30 часот на планината Плачковица, во близина на хидроцентралата во изградба на Зрновска Река, кочанско, полициски службеници од СВР Штип во координација со претставници на Off-road клуб Штип ги пронашле тројцата мотоциклисти А.С., С.Д. и Б.Т., сите од Штип, информира МВР.
„На 21.05.2023, заедно со група мотоциклисти, тие се движеле со мотоцикли на планината Плачковица и околу 19.00 часот се издвоиле од групата кон с.Зрновци, по што биле недостапни. Тројцата мотоциклисти се пронајдени кај местото Казандол, неповредени, во добра здравствена состојба и вратени“, велат од Министерството за внатрешни работи.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...