Закон со европско знаменце и за функционерските плати – предлог на професорот Лазар Јовевски

Професорот Лазар Јовевски вечерва во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 изјави дека е неетички работниците да добијат зголемување на платите до 2028 година, додека функционерите веќе да имаат зголемена плата.

„Револтот кај сите вработени е голем, вработените се чувствуваат понижено“, изјави професорот Јовевски.

Тој додаде дека еден професор има плата од 30 илјади денари која сукцесивно се зголемува минимално.

Advertisements

Според професорот Јовевски овој проблем кој предизвика револт во јавноста треба да се реши со закон со европско знаменце.

Тој го наведе примерот со Шведска каде соодносот меѓу најниската и највисоката плата е 1 спрема 5, а минималната плата во Шведска е 2.150 евра.