Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на социјалните мрежи сподели дека станал татко.
„Денес ја добивме најголемата радост! Се роди нашиот син Јосиф Николоски! Сопругата Александра и јас, како и цело семејство пресреќни!“, напиша Николоски.
Младата брачна двојка се заколна на вечна љубов во 2018 година во црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид.
Александра е магистер по економски науки, а Александар е потпретседател на најголемата опозициска партија, тој е и пратеник во повеќе мандати, беше претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од 2004 до 2008 и повторно избран во 2017 година, а беше именуван и за меѓународен секретар на партијата.