Ковачевски: Никој не е должен да му плаќа на некој друг електрична енергија, дивите приклучоци ќе се исклучат

Никој не е должен да му плаќа на некој друг електрична енергија, изјави премиерот Димитар Ковачевски денеска во Свети Николе во врска со проблемот со електричната енергија и бунтот на жителите на Слупчане.

Ковачевски вели дека дивите приклучоци ќе бидат исклучени, и дека оние кои не платиле ќе мора да платат за електрична енергија.

„На тоа место имаше проблем со наплатата и дивите приклучоци, компанијата заедно со Министерството за економија имаше разговори со градоначалникот на Липково. Според кажувањата на граѓаните и на компанијата и на градоначалникот, тој проблем е надминат. Ќе влезат екипите на ЕВН, ќе направат увид во тоа кој бил приклучен на диво. Ќе се исклучат дивите приклучоци, а сите кои не ги платиле сметките ќе мора да ги платат и понатаму да се продолжи како на територијата на целата држава“, рече Ковачевски додавајќи дека такви примери како во Слупчане има повеќе.

Advertisements

„Такви места има повеќе, не се само Слупчане и Арачиново. Има и други места. Никој не е должен да му плаќа на некој друг електрична енергија“, рече премиерот Ковачевски.