Голема тага го потресе спортскиот свет откако младиот фудбалер Нино Михочевиќ трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила во близина на Конавле. Зад себе остави сопруга и две деца.
Неговиот клуб, ФК Сокол Дубравка, преку емотивна објава на социјалните мрежи се прости од својот долгогодишен играч, опишувајќи го како човек со големо срце, ведар дух и личност на која секогаш можело да се смета.
„Постојат моменти кога зборовите едноставно не се доволни. Со голема тага и неверување се простуваме од нашиот Нино. Тој беше човек кој ширеше добрина, топлина и искреност и остави трага која времето нема да ја избрише“, стои во објавата на клубот.
Од клубот нагласија дека ќе го паметат како верен пријател, соиграч и човек кој неизмерно го сакал својот клуб и секогаш бил подготвен да помогне.
„Беше личност на која секогаш можевте да се потпрете – човек со чиста душа, големо срце и уште поголема човечност“, додаваат од ФК Сокол Дубравка.
Нино Михочевиќ работел како заменик-директор за земјени операции на аеродромот во Дубровник, а кобното утро бил на пат кон своето работно место кога се случила трагичната несреќа.
Неговите пријатели, колеги и спортски соборци се простуваат од него со голема болка, додека семејството и најблиските остануваат да ја носат тешката загуба.



