Пратеникот од СДСМ кој не гласаше за заклучоците за „францускиот предлог“ и е отсутен на денешната седница за усвојување на Уставните измени е Диме Велковски.
Тој е роден е во 1973 година во Кавадарци а живее во Скопје.
Велковски е постдипломец на агро-економика на Земјоделскиот факултет при УКИМ во Скопје.
Својата политичка кариера ја започнал во Јавното претпријатие „Паркови и Зеленило“, каде во периодот од 2006 до 2009 бил и технички директор, а претходната година и генерален директор. Велковски во еден период бил и претседател на Централниот одбор на партијата.