На социјалните мрежи се споделува фотографија снимена од порталот Република на која пратеникот на СДСМ Драгољуб Филипоски е фатен како игра табла на мобилниот телефон.
Ова се сличило на собраниската седница кога премиерот Димитар Ковачевски ги убедуваше пратениците зошто треба да гласаат за измени на Уставот.
Ова не е првпат пратениците на СДСМ да бидат фатени во ваква лежерна атмосфера.
Еден од нив беше и пратеникот и актуелен портпарол на партијата Дарко Каевски, кој за време на една собраниска седница беше снимен како си игра на својот телефон.