Сега на сите им е јасно како ден: Мицкоски е анти ЕУ политичар. Ист како неговиот ментор и шеф Никола Груевски. Груевски ја држеше земјата во изолација цели 11 години, надвор од ЕУ и НАТО, се вели во денешната реакција на СДСМ.
„Христијан Мицкоски не гласаше за членство во НАТО и цело време работи против членството во ЕУ. Сака македонскиот јазик да не биде дел од ЕУ, сака да ја блокира европската иднина, сега кога тоа е на дофат на целиот народ, на нашата земја. СДСМ нема да подлегне, заедно со македонскиот народ и сите граѓаните кои во огромно мнозинство сакаат да ја видат земјата во ЕУ ќе се бори за европска иднина и ќе победи“, соопштуваат од СДСМ.
Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ вели дека можност за репреговарање на нов договор нема, а веќепостоечкиот е далеку од бугарски диктат. Затоа вели, СДСМ и проевропската коалиција нема да подлегнат на штетното, неодговорното и недржавничко однесување на ВМРО-ДПМНе и нема да дозволат земјата да биде блокирана од нивна страна.
„ДПМНЕ и Мицкоски дејствувааат против подобар живот за граѓаните, против нови и поголеми европски фондови, против забрзан напредок и европски стандарди. Мицкоски сака земјава да биде повторно да ја држи во 11 годишна изолација. Прво беше асимилација и бугаризација, откако тие лаги пукнаа како меур од сапуница, се измисли нова лага, бугарски диктат”, вели Кузеска.