Три жени од Македонија за малку ќе се удавеле во Драч, две се во тешка состојба

Три туристки од Македонија вчера биле спасени од давење на плажата во Гољем, петнаесетина  километри јужно од Драч.

Според албанската полиција, тие биле извадени од разбранетото море и потоа однесени во болница. Двајца туристи се во тешка здравствена состојба.

Според полициското соопштение, кое го пренесува АБЦњус, (ABCnews.al), туристите влегле во морето на плажата во Гољем ризикувајќи да настрадаат додека пливале.

Advertisements

Откако биле изнесени од морето, на плажата им била укажана прва помош од присутната крајбрежна стража и полициски службеници од Каваја кои во моментот биле дежурни на плажите,

„Тројцата туристи се испратени во Регионалната болница во Драч за укажување лекарска помош. 48-годишната државјанка е надвор од животна опасност, додека 66-годишната и другата на возраст од околу 60 години, се во тешка состојба“. Истражна група работи на расветлување на околностите на настанот“, соопшти албанската полиција.