Пензионерите во Србија ќе добијат најголемо покачување на пензиите во историјата

Додека пензионерите во Македонија со протести се обидуваат да ја вразумат власта дека со денешната скапотија не можат да преживеат и бараат зголемување на пензиите во сеоседна Србија од октомври е најавен историски раст на пензионерските примања.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска минатата недела изјави дека минимална пензија од 18.000 денери е нереална сума и најави дека во септември ќе нема пензија под 13.300 денари.

Еве како е во Србија:

Advertisements

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека пензионерите ги очекува зголемување на пензиите од октомври и јануари, а со претходното покачување тоа би било досега најголемо во историјата, и би изнесувало вкупно 55 отсто.

„Од 1 септември платите на воспитувачите и студентите, како и на медицинските сестри се зголемуваат за 5,5 отсто, од октомври пензиите се зголемуваат за 5,5 отсто, од 1 јануари кумулативно за 14,6. Тоа ќе бидат убедливо најголемите пензии и плати во историјата – рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека платите на специјалците во армијата драстично се зголемуваат, како и во Воено-техничкиот институт.

Тоа се огромни скокови. Тие луѓе ќе живеат неспоредливо подобро. Истото мора да го направиме и за Жандармеријата“, рече Вучиќ неодамна во интервју за ТВ Пинк  и најави зголемување за сите вработени во јавниот сектор.

„Јас само би ги замолил пензионерите да земат пензионерски картички, има многу попусти, многу ќе им значи. Со сите зголемувања. Правиме многу за да им обезбедиме попусти ва различни маркети“, рече Вучиќ.

Претседателот потсети и дека наскоро ќе започне и аплицирањето за помош на мајките во износ од 10.000 динари, кое ќе трае до 20 септември.

Тој изрази и очекување дека во 2023 година просечната плата во Србија ќе биде повисока од 820 евра.
Вучиќ порача и дека Србија е подготвена за зимата.

„На Србија ќе и биде доста од се – струја, гас и храна. Ќе имаме и струја и гас, а веќе имаме 620 милиони кубни метри гас“, рече Вучиќ.

Дополнително, Србија има 10 отсто повеќе пченица од лани.