Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Латиф Пајкоски синоќа се пожали на социјалните мрежи дека мечка влегла во дворот од неговиот дом во селото Жировница, општина Маврово и Ростуше.
Тој порача дека не им преостанува ништо друго на граѓаните освен да се самоорганизираат со цел да се спречи некој да настрада.
„Синоќа во 22 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате да го заштитите населението. Повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница, но не сами туку и со вашите деца. Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со се што располагаме. Нека ова биде и едно од последните укажувања, напиша Пајкоски на својот профил на Фејсбук, објавувајќи ги фотографиите од мечката.