Најновото истражување на Институтот за демократија, човекови права и дигнитет покажува дека само 43% од македонските граѓани имаат целосна доверба во здравствените работници. Спротивно на таа бројка, мнозинството граѓани односно 57% се изјасниле дека во здравствените работници немаат целосна доверба.
Добиените информации загрижуваат, со оглед на последните случувања во здравствените установи ширум државата – истакнуваат од ИДЧД.
Институтот за демократија, човекови права и дигнитет го спроведе ова истражување во период од 5 до 10 септември, оваа година. Во истражувачкиот процес беа опфатени вкупно 2.000 граѓани.
Истражувањето е спроведено на територија на Македонија, со маргина на грешка до 2%.
Институтот за демократија, човекови права и дигнитет е независна европска организација, која спроведува застапувања и истражувања од широк опсег на општествени области.