(ВИДЕО) Еколошка катастрофа во Осиек, пожарот е ставен под контрола, чадот е загрижувачки

Пожарот кој вчера избувна во Осиек во моментов е ставен под контрола, но чадот околу местото на пожарот се уште не стивнува. Ветерот е значително ослабен, па чадот не оди високо во воздухот туку се задржува блиску до земјата, што уште повеќе ја отежнува работата на пожарникарите.

Се уште нема нови препораки за граѓаните на Осијек, освен вчерашните препораки мештаните што помалку да останат на отворено и да носат маски.

„Чекаме извештај за штетите од пожарот и мислам дека треба да се прогласи еколошка катастрофа, за што денеска ќе испратиме барање до Владата. Треба да видиме до каде е оваа катастрофа, чадот повеќе од 24 часа го загадува не само воздухот туку и почвата“, вели жупанот на Осиечко-барањската жупанија, Иван Анушиќ.

Advertisements

Шефот на противпожарната служба, Горан Ивковиќ, најави дека пожарникарите го држат пожарот под контрола и дека во соработка со работниците на компанијата „Драва Интернационал“ ќе се обидат да го покријат местото на пожар со земја и со тоа да го забрзаат процесот на запирање на ширењето на чад.

Од противпожарната служба соопштија дека пожарот го гаселе околу 200 пожарникари од 44 противпожарни станици и дека во интервенцијата учествувале 100 возила.

Шефот на противпожарната бригада на Осиек-барањската жупанија Зоран Пакшец откри дека во текот на ноќта дежурале 20 пожарникари за да спречат ширење на пожарот, како и 10 противпожарни возила.

„Можам да кажам дека ситуацијата е под контрола и пожарот остана во границите на секторот што вчера го утврдивме. Она што го гледате е палење на последните остатоци од пластика. Моравме да истуркаме дел од пластиката за да го заштитиме предметот. Пластиката течеше како лава. Оваа стопена пластика ги загрози и цевките и камионите, моравме многу да внимаваме на пластиката што се палеше одоздола, а не ни знаевме. Токму ова беше една од причините поради која мојот колега, се повреди во течната пластика. Денеска ќе биде пренесен во Загреб, се надевам дека е стабилен“, рече тој, а пренесува Јутарњи лист.

Фото: Зелени Осијек, Фејсбук