(ВИДЕО)Опасно изненадување: Кетрин Зета-Џонс за малку ќе му предизвикала инфаркт на Мајкл Даглас

Холивудската ѕвезда Кетрин Зета-Џонс за малку ќе му предизвикала инфаркт на својот сопру, Мајкл Даглас кога решила да го изненади на Денот на благодарноста. Сепак, изненадувањето се покажало опасно по живот за нејзиниот сопруг.

За време на гостувањето во шоуто „The Kelly Clarkson Show“, ѕвездата откри дека нејзиниот славен сопруг бил во Франција на одморот, бидејќи неговата работа на новиот проект траела подолго од првично планираното.

„Како оваа негова посветеност да траеше цел живот“, со огорченост споделува актерката. Затоа таа одлучила да го посети заедно со нивните деца, пренесува „Телеграф“.

Advertisements

„Всушност, децата и јас го изненадивме Мајкл за Денот на благодарноста. Тој немаше поим дека ќе се појавиме. Мојата ќерка Карис полета од источниот брег до нашиот дом во Њу Џерси, каде што ја очекувавме мојот син Дилан и јас. Сите заедно отидовме во Франција, каде под превезот на ноќта се чекиравме во хотелот“, рече Зета-Џонс.

„Кога Мајкл се врати, ние бевме таму. Беше толку изненаден што за минута помислив дека ќе доживее срцев удар. Мојот сопруг се сопна и почна да се тетерави наназад. Тој само рече: „О Боже“ и почна да плаче. Тоа се покажа како еден од оние големи и незаборавни празнични моменти за целото семејство“, заклучила актерката.

Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс беа во брак 22 години, а парот првпат се сретна во 1998 година. Во август 2013 година, познатите актери објавија дека се разделуваат, но повторно се смирија во април 2014 година. Потоа Мајкл Даглас сподели: „Луд сум по неа, но секој пар поминува низ тешки времиња“.