Трагедија во Чачак: Маж се разнел со бомба пред железничка станица

Во утринските часови на железничката станица во Чачак маж се разнесе со бомба. Трагедијата се случила неколку минути по 8 часот.

„Како што слушнавме, мажот седел на клупа, по што ја активирал експлозивната направа и се разнел. Не бевме таму, не знаеме дали е токму тоа, но така слушнавме“, изјави за РИНУ еден од граѓаните на Чачак, кој случајно се нашол во близина на железничката станица.

На лице место се голем број полициски службеници кои вршат увид. Во инцидентот нема други повредени лица.