Во долниот дом на италијанскиот парламент треба да започне дискусија за законот со кој би се забранило производство, увоз и пласман на храна произведена во лаборатории, пренесува Евроактив.
Италија ќе ја забрани синтетичката храна, изјави италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида.
„Италија ќе биде првата нација без синтетичка храна и сака да стане пример за другите како да ја регулираат таа индустрија“, рече Лолобриџида за време на видео повик на собирот во Ирска наречен „Традиции и иновации: Конзервативна иднина“ за European Farmers’, која ги собра водечките конзервативни политичари.
Тој истакна дека е недозволиво квалитетна храна да се резервира само за богатите.
Неговиот став го дели Јануш Војчеховски, европски комесар за земјоделство кој се залага за традиционално земјоделство и сака заштита на традиционалните производи.
„Синтетичкото месо не е месо, синтетичкото млеко не е млеко. Јас бранам природен производ, а користењето на такви имиња за вештачки производи, според мене, не е чекор во вистинската насока“, додаде тој и посочи дека Европската комисија издвојува повеќе од шест милијарди евра за благосостојба на животните и производство на традиционална храна.
“A Itália proíbe o consumo de carne sintética”, anunciou o Ministro da Agricultura Francesco Lollobrigida.
???
??? pic.twitter.com/VyVHqXRWd3— Verdades e Nada Mais ? (@VerdadeseNadaMa) October 4, 2023