Советникот во Стејт департментот, Дерек Шоле и делегацијата во која што требаше да биде заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар ја одложија посетата на Северна Македонија, објави „Дојче веле“.
Од Американската амбасада во Скопје за „Дојче веле“ потврдуваат дека добиле известување дека американскиот тим кој требаше в среда да допатува во Скопје, има испратено известување дека посетата на регионот се одложува за по Нова Година. Нема објаснување зошто е одложена посетата.
Габриел Ескобар вчера пристигна во Косво, каде го посети православниот манастир Високи Дечани, заедно со заменичката амбасадор на САД во Косово, Алисон Грундер.
Веста синоќа на официјалната страница на Твитер ја потврди манастирскиот игумен, архимандрит Сава, кој објави и фотографија со Ескобар и Грундер.
„Благодарни сме на цврстата посветеност на САД на заштитата на сите заедници и на верското наследство на Косово“, напиша архимандритот во кратката објава на Твитер.
Today US Deputy Assistant Secretary Gabriel Escobar visited Dečani #Monastery together with Alyson Grunder, Deputy Chief of Mission @USEmbPristina and their colleagues. We are grateful for the US firm commitment to protection of all communities and religious heritage in #Kosovo pic.twitter.com/pNLGx94ZMa
— Dečani Monastery (@DecaniMonastery) December 11, 2022