Грчката компанија не можела да обезбеди пари за изградбата на „Чебрен“, тендерот пропадна

Пропадна тендерот за Чебрен. Грчката компанија „Архиродон“ која го доби тендерот за изградба на хидроелектраната Чебрен се откажа од проектот. Грчкиот инвеститор не можел да ги обезбеди потребните средства од банките за да ја финансира изградбата на електраната, и со тоа проектот станал економски неоправдан. Банкарската гаранција од 1,4 милиони евра од „Архородон“ нема да се активира.
Министерката за животна средина Каја Шукова денеска соопшти дека грчката компанија имала  нови услови , но тие владата не ги прифатила.

„Тие дополнителни услови не без дел од тендерската документација и како такви владата не можеше да ги прифати, бидејќи ќе беше нерамноправно во однос на другите кои подигнаа тендерска документација и кои се јавија на тендерот, и затоа одлучивме дека нема да има промена на одлуката, условите остануваат како во тендерската документација. Очигледно компанијата со овие услови не можеше да обезбеди заеми од банките, бидејќи станува збор за голема финансиска конструкција, околи една милијада евра. Така да, за жал мора да констатирамне дека 14 тендер за Чебрен пропадна,“ вели Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање.