Во Москва околу 18:30 часот по средноевропско време се случи терористички напад во концертната сала „Крокус сити хол“, а според извештаите од местото на настанот, како и според пишувањата на руските медиуми, загинале најмалку четириесет лица, додека стотици луѓе се повредени.
Според непотврдени претпоставки, можно е да се работи за терористи од исламско потекло.
На оваа информација се повика поранешен офицер на „вооружените сили на Шведска“ од областа на противвоздушната одбрана, а сега политички и воен аналитичар.
Се чини дека неколку вооружени напаѓачи се вооружени со пушки. Поголемиот дел од modus operandi е многу сличен на операциите на Исламската држава. Поминаа пет години од падот на калифатот на Исламската држава. ИС-К (провинција Хорасан) се закани со терористички напади по повод петтата годишнина. Се разбира, ова е само шпекулација, но веродостојна теорија. Во исто време, и Украина и Руската Демократска Република во егзил го негираат учеството, пишува тој.
Според новинарот Христо Грозев, претходното предупредување на американската влада за напади во Москва се однесува на активностите на Исламската држава – покраината Хорасан, регионален огранок на терористичката група на Исламска држава активна во јужно-средна Азија, пред се во Авганистан.
BREAKING TERRORIST ATTACK MOSCOW, 2030 MARCH 22nd 2024
Several gunmen seems to be armed with hunting rifles. Much of the modus operandi is very like IS operations. and it’s five years since the fall of IS caliphate. IS-K (Khorasan Province) has threatened with terrorist attacks…— Mikael Valtersson (@MikaelValterss1) March 22, 2024