Четири дена по грозоморното убиство на лекарот во Скопје – што вели полициската истрага?

Полицијата прегледала повеќе од 40 видео снимки од камери, а во тек е и вештачење на автомобилот и телефонот на лекарот кој беше избоден до смрт во четвртокот вечерта пред поликлиниката Железара во Скопје.

Телото на убиениот лекар, како што информираше МВР претходно, го нашле неговите најблиски.

Според МВР досега 15 лица биле повикани на службен разговор за свирепото убиство.

„Прегледани се повеќе од 40 камери вклучувајќи ги и камерите на Безбеден град,  извршени се службени разговори со повеќе од 15 лица. Се врши дополнителна криминалистичко техничка обработка на предметното возило. Се обезбедуваат листинзи од телефонски броеви и се врши нивна анализа. Истрагата е во напредна фаза. Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во содејство со ОЈО интензивно работат на расчистување на случајот“, велат од МВР, јави ТВ 24. 

Матичните лекари денеска побараа поголема заштита на медицинскиот кадар, а во знак на револт ги затворија ординациите од 12 до 16 часот.

Според полицијата на 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје.

Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираше МВР на денот на убиството.

Фото: МТВ