Османи изградил куќа, а Груби половина зграда на диво тврди Изет Меџити

Кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, а јас како градоначалник на Чаир му ја легализирав нему како и на многу други граѓани. Османи наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за м2, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво.

Овие информации за незаконско градење ги изнесе Изет Меџити, лидерот на Демократско движење во интервју за ТВ21.

Тој исто така тврди дека и други функционери на ДУИ граделе на диво.

Advertisements

„Артан Груби и неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси половина зграда на диво ја изградиле и истите се легализирани“, рече Меџити.