Познатиот адвокат Тома Фила откри две сценарија за исчезнувањето на малата Данка

Двегодишно девојче Данка Илиќ од Бор, како што објавивме претходно исчезна вчера околу 13 часот во населбата Бањско поле кај Бор, Србија. Во оваа соседна земја прв пат е активиран системот „Најди ме“, а на местото на исчезнувањето има и голем број полицајци, спасувачки служби, кои 24 часа трагаа по исчезнатото девојче.

Адвокатот Тома Фила, како што пренесе српски Мондо, наведува дека во моментов ја исклучува можноста нешто да му се случило на девојчето, бидејќи доколку се случеше најлошото сценарио, таа досега ќе беше пронајдена.

Тој додаде дека Игур Јуриќ, таткото на трагично загинатата Тијана Јуриќ, завршил одлична работа кога е во прашање активирањето на системот „Најди ме“ и дека тоа е голема работа за Србија.

Advertisements

Тој се осврна и на можниот исход од исчезнувањето на Данка Илиќ и, како што пренесува српскиот портал, презентирал две можни сценарија. Фила вели дека прво треба да се проверат родителите бидејќи е невозможно двегодишно дете едноставно да исчезне. Како друг можен случај изјавил дека се работи за киднапирање.

Имено, како што изјави Фила веднаш по исчезнувањето на детето, прво се запрашал како двегодишно дете може толку брзо да исчезне.

„Чудно е, знаете, многу е мало, истрагата треба да се направи темелно, се треба да се прочешла и проверува, има многу нелогичности “, вели Фила.

Искусниот адвокат во моментов ја исклучува можноста за најлошото сценарио оти досега ќе ја најдеа.

„ Има многу полиција. Досега ќе ја најдеа и затоа ми личи на киднапирање или на продажба“, заклучи Фила.

Кога го прашале новинарите која е неговата теорија за се што се случува, со оглед на тоа што има огромно искуство, Фила вели дека сите докази укажуваат на тоа дека најверојатно девојчето е киднапирано.