Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов, информира на социјалните мрежи кандидатката за претседателка на Македонија Гордана Силјановска-Давкова.
„Имавме можност да поразговаравме за многу теми и да споделиме искуства за кампањите, како и двата негови мандати кои беа исполнети со многу предизвици. Размената на искуства и мислења се значајни за периодот кој ни претстои“, напиша Силјановска-Давкова.