Беше борец и жена со лавовско срце – почина младата пејачка Андријана Андреевска

„Со голема тешка болка и неверување ја примивме оваа лоша вест, нашата драга и ценета почитувана колешка Андријана Андреевска не е повеќе дел од нашиот музички свет.

Оваа тажна вест и сочувство за младата пејачка ги објавија нејзините колеги и пријатели на социјалните мрежи.

Пејачката Андријана Андреевска, починала попладнево по тешко боледување.

Advertisements

Андријана, мајка на едно дете која во последниве три години се бореше со тешка болест – карцином на белите дробови, остави траги во македонската народна музика со своите настапи на фестивалите и со песните ,,Лажно срце”, ,,Одисеја”, ,,Ти ми требаш”, ,,Жена сум пак” и многу други песни.

Андријана беше жена со лавовско срце и голем борец.

„Неможам да сфатам сестро, што се случи за вака одеднаш да не напуштиш. Зошто мораше млада и убава да ни заминеш без поздрав“, пишуваат нејзините пријатели и колеги на Фејсбук.