„На 8 мај има само една социјалдемократска опција – граѓаните масовно да излезат на изборите“, повикува СДСМ

СДСМ ги повикува граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 мај и да гласаат за Стево Пендаровски за претседател и за пратеничките листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

„На 8 мај се одлучува за иднината.

Во овој клучен момент државата се наоѓа на крстопат.

На една страна е враќање назад кон изолација, конфликти, меѓуетничка нетрпеливост и внатрешни поделби со ДПМНЕ.

А на другата, продолжување напред, кон прогресот и просперитетот на Македонија во ЕУ, со СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

На 8 мај постои само една социјалдемократска опција, само една лева прогресивна опција која се вика СДСМ.

Advertisements

Граѓаните со моќта на својот глас можат да кажат стоп за враќањето во кошмарното минато на поделби и тензии и да испратат јасна и гласна порака на сите ретроградни сили дека во Македонија живеат прогресивни луѓе, кои сонуваат за подобрам европска иднина за себе и своите деца“, порачуваат социјалдемократите.