На овие избори се случува чудо, не доаѓаат само реки од народ од Македонија, туку и нашите Македонци од странство. На младите им порачувам, не бегајте од Македонија, не одете си! На 9 мај ќе почне нова демократска македонска историја! Ќе имаме нова одговорна власт, порача вечерва од Прилеп професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседателка на македонија.
„Немојте да дозволите оние кои повикуваат на бојкот да ви го суспендираат избирачкото право. Тоа е ваше! Излезете и гласајте! Така ставате камче во новиот темел на демократска Македонија“, рече Силјановска Давкова.
„Сите ние да направиме заеднички исчекор, нов АСНОМ, четвртиот Илинден. Во овие 30 години, особено во овие мачни седум години се изнагледавме чудни нешта. На 8 мај да ја повториме лекцијата од 24 април. Народот легитимира и делегитимира. Да поставиме темел за горда Македонија. На 9 мај ќе почне нова демократска историја и не дозволувајте оние кои повикуваат на бојкот да го суспендираат вашето право на глас на избор. Сигурна сум дека ќе го направите вистинскиот избор на 8 мај. А потоа, заедно ќе го славиме Денот на победата над фашизмот. Тој ден ги обедини сите и повторно сите ќе не обедини. Ама сега за повисоки цели. За право и правда! За држава каква што заслужувате! Ве молам размислете, ние немаме друг избор. Македонија! Македонија вечна! Македонија сме ја наследиле, ќе ја оставиме на идните поколенија! Македонија горда! Како што се гордеам јас на Ченто, да се гордеете вие на вистинските чекори што сте ги направиле на 24 април и на 8 мај“, рече Силјановска Давкова.