Премиерот Димитар Ковачевски денес во одговор на новинарско прашање оцени дека одлуката на Апелација за поништување на пресудата за случајот „Таргет-тврдина“ ја потврдува ниската доверба на граѓаните во правосудството.
„Исто така сакам да истакнам дека јас како премиер или Владата ниту сме се мешале, ниту ќе се мешаме во судската власт и судниците. Тоа не е место за политичка борба или за политички натпревар. На правосудниот систем е низ една транспаретна постапка им ги објасни на граѓаните одлуките кои што се носат и дополнително се работи во унапредување на работата за да зголеми довербата кај граѓаните за сите да бидеме еднакви пред Уставот. Ние сме во постојана комуникација сме со европските партнери и САД. Поглавјето 23 беше дел од билатералниот скрининг, кој што се води во Брисел и тој скрининг во кој што ќе бидат вклучени правосудните органи, ќе постави многу прашања, на кои ќе се бара одговор, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање за тоа дали постои спрега помеѓу Мијалков и судииите од Апелација, по свеченото отпочнување со градба на 110 kV далекувод ТС Велес-ТС Овче Поле, во Овче Поле.