Сопственикот на „Еколог Интернационал“ Лазим Дестани донира 1 милион евра за тетовската болница

Министерот за здравство доктор Арбен Таравари на Фејсбук информира дека Лазим Дестани донирал 1 милион евра за Општата болница во Тетово.

„Ме трогна овој дарежлив гест на Лазим Дестани кој штотуку донираше 1 милион евра за болницата во Тетово. Лазим е пример за добар човек“, напиша Таравари.

Дестани важи за најбогат Албанец во светот. Тој живее во Тетово, а неговото богатство се проценува на над 3 милијарди долари, пишуваат албанските медиуми.

Advertisements

Тој е сопственик на компанијата „Еколог Интернационал“.