Убиен австриски градоначалник, напаѓачот во бегство

Градоначалникот на Кирхберг во Австрија, Франц Хофер, беше убиен во денешниот напад, по што беше покрената голема полициска акција. Напаѓачот е во бегство, објави Кроне.

По грозоморното откритие на лице место се испратени сите полициски единици.

Исто така, алармирани се и специјалните единици, а на местото на злосторството, како што пишуваат тамошните медиуми, пристигна и оклопниот автомобил „Кобра“.

Advertisements

Откако пукал, напаѓачот се упатил во непознат правец. Нападот се случил околу 9:15 часот. Канцеларијата на гувернерот на државата Томас Стелцер потврди за Кроне во 9:45 часот дека е убиен градоначалникот на Кирхберг об дер Донау.