Бојкотот на граѓаните, кон маркетите е израз на нивниот бунт кон неуспешните пропаднати политики на владата и нивната катастрофа во однос на животниот стандард, изјави Фани Каранфилова Пановска – заменик претседателката на СДСМ како одговор на новинарско прашање.
„СДСМ ги охрабрува граѓаните во нивните напори да застанат сами на патот на тоа што Владата и премерот Мицкоски требаше да го направат. Наместо со лажен ПР за тоа дека имаат мерки со којшто ги намалуваат цените, нам ни се случи практично да граѓаните од ден на ден стануваат посиромашни, а маркетите, се прашуваме дури и дали да не се во досулх со владата и премиерот и ги креваат цените. Стоиме на стрната на храброста на граѓаните да го изразат својот револт и бес против политиките на владата, односно неспроведување на политики од страната на владата, што значат и нивно понатамошно осиромашување.
Ние неколку пати досега, апелиравме и баравме да владата превеземе нешто во зголемување на животниот стандард на граѓаните, и во тој контекст, од овде денес сакам да порачам, дека ги потсетуваме, и оние во власта и оние во парламентот, да се фокусираат на идеите на СДСМ, поврзани со зголемување на квалитет за живот на граѓаните, и особено да земат предвид дека мора да ја покачат минималната плата.
Така што две минимални плати, минимум ќе ја покриваат синдикалната кошничка. Таа мора да биде над 500 евра во моментов. Секоја друга политика којашто директно интервенира и во пазарната економија, особено кога сте во дослух со бизнисмените, не дава резултати, најмалку дава резултати за граѓаните.
Ние имавме и други политики, поврзани до намалување на ДДВ на прехранбените производи од 5% на 0%. Апелираме власта да се вразуми и во свои раце да ја превеземе одговорноста, за обезбедување на подобар животен стандард на граѓаните“, порача Каранфилова Пановска.