Што одговори Мицкоски за популарноста на Груевски – се чувствува ли загрозен?

За мене политиката е тимски спорт, тоа не е индивидуална игра, се додека тимот победува, а јас сум капитен, јас ќе бидам среќен, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во интервју на МТВ на прашање дали се чувствува загрозен“ од анкетата на ИРИ и популарноста на неговиот претходник во партијата, Никола Груевски.

За Мицкоски е важна огромната предност на ВМРО-ДПМНЕ од 19% според анкетата на ИРИ во однос на останатите политички партии.

– Над сите приоритети е Македонија. Еден ден кога ќе не нема, историјата ќе зборува за нас и тоа што сме направиле. Јас сметам дека тимот ќе победи, рече Мицкоски во интервјуто на МТВ.

Advertisements

Во последната анкета на ИРИ, поранешниот премиер Никола Груевски е најпопуларниот политичар во Македонија. Има рејтинг од седум отсто, пораснал двојно, споредено со минатогодишните 3%.

Зад него на листата се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ Али Ахмети со по шест проценти и премиерот Димитар Ковачевски со пет отсто.