Протераниот опозициски политичар и советник од Санкт Петербург, Никита Јуферев, одлучи да го пријави рускиот претседател Владимир Путин до руските власти за „ширење лажни информации за армијата“, бидејќи прв пат откако ја започна инвазијата на таа земја во февруари, тој го употреби зборот „војна“.
Како што пренесува Си-Ен-Ен, во Русија за конфликтот во Украина не смее да се користи зборот „војна“, туку внимателно осмислениот термин „специјална операција“, а на прекршителите им се заканува казна затвор до 15 години врз основа на законот според кој Москва донесен во март годинава.
„Не е донесен указ за завршување на специјалната воена операција, а војната не е објавена“, напиша Јуферев, кој избега од Русија, на„Твитер“ и додаде: „Неколку илјади луѓе веќе се осудени за такви зборови за војната (во Украина).“
Владимир Путин назвал войну войной: «Наша цель – закончить эту войну». Но указа о завершении СВО не было, войну не объявляли. За такие слова про войну осудили уже несколько тысяч человек. Направил обращение в органы, чтобы Путина привлекли за распространение фейков об армии pic.twitter.com/dEmNSyNwyQ
— Никита Юферев (@NikitaYuferev) December 22, 2022
Како што пишува Си-Ен-Ен, Јуферев го пријавил Путин кај властите во Москва за кривично гонење поради употребата на зборот „војна“, односно поради „ширење лажни информации“.
Путин вчера на новинари во Москва им рече: „Нашата цел не е да поттикнеме воен конфликт, туку спротивното – да ставиме крај на оваа војна“. Тоа е она кон што се стремевме и ќе продолжиме да се стремиме“.