Трипуновски со добри вести за земјоделците: ИПАРД средствата повторно се достапни

Македонските земјоделци добија долгоочекувана вест од Брисел – средствата од ИПАРД програмата се повторно достапни за располагање, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Оваа одлука доаѓа како директна потврда од европските институции дека системот функционира беспрекорно. Според информациите од министерот Трипуновски, по спроведените анализи, Брисел констатирал дека нема никакви неправилности во постапките на македонските институции.

„Брисел утврди дека нема неправилности во постапките, системот функционира, а институциите постапуваат правилно, транспарентно и во интерес на земјоделците“, истакна Трипуновски.