„Излета босa на улица“: Соседите со неверојатни детали за Лепа Брена

Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг со години живеат во луксузна вила на Бежаниска Коса, каде што, според соседите, изградиле мирен семеен живот и добри односи со луѓето од населбата.

Жителите од нивниот крај велат дека Брена и Боба се пристапни, љубезни и секогаш подготвени да помогнат кога е потребно.

– Имаме прекрасен однос со Брена. Често доаѓа кај нас на кафе, разговараме и се смееме. Сосема е природна и нормална жена. И ние одиме кај неа, секогаш нè пречекува љубезно – раскажала една соседка.

Таа се присетила и на ситуација кога во населбата се активирал аларм, по што настанала вистинска паника.

– Еднаш кај нас се вклучи аларм, а Брена и Виктор веднаш дојдоа со нож, мислејќи дека некој се обидува да ја ограби куќата. Навистина се грижливи и секогаш реагираат – додала соседката.

Според жителите од населбата, Брена не останува рамнодушна ниту кога станува збор за можни опасности. Така, една вечер помислила дека избувнал пожар во близина на нејзиниот дом.

Advertisements

– Излета на улица среде ноќ и ни рече: „Јас повикав полиција и пожарна“. Подоцна се покажа дека немало пожар, туку некој палел нешто во близина, а ветерот го носел чадот кон нејзината куќа – раскажала соседка.

Таа додала дека Брена е вистинска домаќинка, додека Боба важи за голем другар и човек кој секогаш знае да ги почести луѓето што работат кај него.

Иако во медиумите често се појавуваат различни приказни за познатата пејачка, соседите велат дека во приватниот живот таа е едноставна, непосредна и секогаш подготвена да помогне.