Итно се повлекува популарен детски производ: Ако го имате дома, веднаш тргнете го од употреба

RAPEX системот за брза размена на информации за небезбедни производи предупреди за повлекување на детска ноќна ламба во форма на желка, која може да претставува сериозна опасност за најмалите.

Според објавените информации, децата можат лесно да дојдат до копчестите батерии што се наоѓаат во внатрешноста на ламбата, а нивното голтање може да доведе до задушување или сериозни внатрешни повреди.

Проблемот е во тоа што преградата за батериите може да се отвори без употреба на алат, со што на детето му се овозможува лесен пристап до нив.

Станува збор за производ со назив „Turtle Night Light“ (ноќна ламба желка), со број на модел MJ0042000.

Ламбата е произведена во Кина и се продавала преку познати онлајн продавници. Надлежните апелираат родителите веднаш да престанат со нејзина употреба и да ја држат подалеку од децата.