Тажна вест пристигнува од Турција, каде што на 35-годишна возраст почина актерката Еџе Иртем, позната по улогата на Ишил во популарната телевизиска серија „Единствена љубов“.
Според турските медиуми, таа била пронајдена без свест во својот дом утрото по прославата на роденденот. Како причина за смртта се наведува срцев удар.
Веста за нејзината ненадејна смрт предизвика шок и тага кај обожавателите, колегите и целата турска јавност.

Еџе Иртем беше една од препознатливите млади актерки на турската телевизиска сцена, а најголема популарност стекна со улогата на Ишил во серијата која освои милионска публика.
Родена на 14 јуни 1991 година во Сивас, дипломирала на Одделот за опера и вокална изведба на Универзитетот „Јашар“, каде што била меѓу најдобрите студенти од својата генерација.
По преселбата во Истанбул, својата актерска кариера ја усовршувала во Културниот центар „Садри Алишик“, а зад себе остави бројни улоги и публика која ќе ја памети по нејзиниот талент и харизма.



