Родителите предупредуваат: Еден опасен тренд на социјалните мрежи однесе уште еден млад живот

Петнаесетгодишната Лија Престон од Оклахома трагично го загуби животот откако учествувала во опасен предизвик што се ширел на социјалните мрежи, а кој вклучувал земање преголеми количини од лекот „Бенадрил“ со цел предизвикување халуцинации.

Според нејзиното семејство, Лија отсекогаш сакала да стане позната на ТикТок, но обидот да учествува во опасниот тренд завршил со тешки последици. Таа добила напади и била итно пренесена во болница во Енид, Оклахома, каде лекарите утврдиле дека има мозочна смрт.

Нејзиниот татко Ричард Престон јавно предупреди дека ваквите интернет предизвици можат да бидат смртоносни.

„Само сакам сите родители да бидат свесни и да ги едуцираат своите деца. Овие предизвици се опасни и не смеат да се сфаќаат како игра“, изјавил тој.

Лекарите објаснуваат дека лекот „Бенадрил“, кога се користи според упатствата, може да помогне при алергии и настинки, но во големи количини може да предизвика напади, опасни нарушувања на срцевиот ритам, срцев застој и недостаток на кислород во мозокот.

Таткото на Лија открил дека неговата ќерка и претходно учествувала во истиот предизвик, а по нејзината мозочна смрт семејството одлучило да ги донира нејзините органи, со надеж дека ќе помогне да се спасат други животи.

Advertisements

Случајот повторно отвори дебата за опасните трендови на социјалните мрежи и потребата од поголема едукација на децата и родителите за ризиците од ваквите предизвици.